Живот
30. November 2017 - 23:50

Таму им е забранет пристапот на луѓето, еве зошто

На Земјата некои места нема да бидете во можност да ги посетите колку и да сте финансиски во можност. Еве го списокот:

1. Остров Груинард

Причина за забрана за патување: тестирање биолошко оружје.

Британската Влада во 1942 година го купи шкотскиот остров Груинард за тестирање биолошко оружје особено за антракс. Поради експериментот антракс зарази цел остров и предизвика смрт на 95 отсто од неговото население.

Се до 80-тите години местото се сметаше за најсмртоносно на Земјата, а во 1986 година започнало чистењето.

2. Остров Суртсеј

Причини за забрана за патување: научни експерименти

Во 1963 година во водите околу Исланд проработе подводен вулкан и создаде нов остров.

Веднаш привлече внимание на голем број научници кои тие сакаа да го проучуваат. Од тогаш има забрана за посета на туристи.

3. Остров IIha da Queimada Grande

Причини за забрана за патување: отровни змии

IIha da Queimada Grande е остров со површина околу пола квадратни километри. На него се наоѓаат четири илјади отровни змии. Најотровна е златната змија (Bothrops insularis) чиј отров е пет пати посилен од другите отровници. Ако некој е каснат од змијата, настапува моментална смрт.

4. Остров Северен Сентинел

Причини за забрана за патување: опасни жители

Северен Сентинел се наоѓа во Бенгалскиот Залив и припаѓа на Индија. Но, таму никој не оди.

Таму живеат луѓе од Сентинели кои и понатаму живеат како во каменото време.

5. Големо светилиште  Исе

Причини за забрана за патување: религиозни причини

Големото светилиште Исе е шинтоистичко свето место во истоимениот јапонски град кое е посветено на божицата Amaterasu-omikami.

Заградено е со висока дрвена ограда. Можат да влезат само високо позиционирани свештеници и припадници на царското семејство.