Македонија
19. May 2019 - 16:04

Тамара не ја освои Евровизија, но ја освои европската музичка јавност

Тамара со Proud, ја стресе Европа. Изведбата на баладата од страна на македонската претставничка предивика воодушевување кај публиката во Тел Авив, како и кај европската и светската јавност. Веднаш по настапот на Тодевска Евровизија на социјалните мрежи напиша – Супергорди сме со Тамара по оваа изведба!

На синоќешната финална вечер, Македонија беше фаворит и на познатиот пејач Бој Џорџ кој тоа го сподели и на твитер – Засега, фаворит ми е Македонија. Македонската песна беше главна тема и за Би Би Си..Додека вие зборувате за географија, ние уживаме во ова..Луѓето бараат летови за Скопје во мај 2020, пишува на твитот на Би Би Си евровизија.

Гласањето беше во знакот на Тамара и нејзината Proud. Само 5 од 41 земја кои гласаа на Евровизија не дадоа поени за македонската претставничка.

-И, 12 поени одат за Северна македонија..Австрија

На крај, 12 поени за Северна Македопнија – Велика Британија.

Тамара долго време беше на врвот со освоените поени. Возбудата не ја криеше и нејзиниот тим.

-Ќе доживеам срцев удар. Многу сум горда, вели Тамара Тодевска.

Но гласовите на публиката го реши победникот. Тамара доби само 53 поени и заврши на 8-мо место. И покрај пласманот, реакциите на европската и домашната јавност се дека македонската претставничка е морален победник. Поддршка имаше од многу балкански музичкли звезди како и од колеги од Македонија.

-Време е да се преиспита начинот на гласање на Евровизија. За мене, тамара е победник, напиша Жељко Јоксимовиќ.

Тамара беше топ тема и во грчките медиуми, кои пишуваа дека Македонија беше големото изненадување на Евровизија.

Околу евровизиската претавничка и нејзиниот настап синоќа, на иста линија застанаа и македонските политичари.

-Честитки #TeamTamara, покажавте и докажавте дека секој вреди макотрпно да се бори за своите соништа, вие сте наши победници! 
Вчера ни ја донесовте Евровизија дома, заедно пеевме и го споделивме успехот, а граѓаните на Република Северна Македонија се горди на вас! , напиша македонскиот претседател Стево Пендаровски.

-Честитки Тамара, честитки #TeamTamara. Скапоцени се овие моменти на единство кои ни ги донесовте преку музиката. Одамна не сме биле олку горди! #Proud, стои во честитката на премиерот Зоран Заев.

-Честитки за Тамара. Македонија вечна, порача лидерот на Вмро ДПМНЕ Христијан Мицковски.

Победата на синоќешната Евровизија ја понесе претставникот на Холандија.

Тамара настапи под реден број 8 и на крајот заврши на осмата позиција. Ова е најдобар пласман на Македонија досега.