Џет-Сет
9. May 2016 - 15:27

Тамара и Мачка првпат ја прошетаа малечката Хана

Познатата пејачка Тамара Тодевска на социјалните мрежи објави фотографија на која овој пат во преден план е малечката Хана.

- Прва прошетка во маало - напишала Тодевска на фотографијата на која нејзиниот сопруг Мачка ја бутка количката со малечката со Хана.

Инаку, Тамара се породи пред неколку дена во приватната клиника „Аџибадем Систина“ во Скопје.