Свет
30. August 2016 - 17:42

Талибанците именуваа нов воен командант

Талибанците го именуваа Маулви Ибрахим Садар, кој е поранешен близок сојузник на мула Омар, за нов воен командант.

Назначувањето на Садар доаѓа во момент кога голем број влади се обидуваат да ги убедат талибанците да седнат на преговарачка маса со авганистанската Влада.

Садар е искусен ветеран, кој станал почитуван меѓу талибанците по неговото соборување од власт во 2001 година. Неговото именување се совпадна со зајакнувањето на нападите против авганистанските безбедносни сили.