Бизарно но вистинито
4. November 2015 - 14:37

Талибанци каменуваат млада Авганистантка до смрт поради прељуба

Радио слободна Европа објави видео од каменување на 19-годишна Авганистантка во провинцијата Гхор. Двеминутното видео покажува како група мажи фрлаат камења врз младата жена закопана во земја до главата.  Многумина од нив снимаат со своите мобилни телефони додека таа бара прошка и помош.
 
Мохамед Заман Асум за суровиот чин ги обвини талибанските милитанти. Според неговите зборови 19-годишната Рокхсахана е каменувана до смрт поради обвинение за предбрачен секс со 23-годишниот Мохамад Гул кој бил казнет со камшикување.
 
Нејасно е зашто жената ја добрила најстрогата казна иако е познато дека талибанските судови се поблаги во однос на казните на мажите.
 
Азими рекол дека казната е извршена во селото Гхалмин. Младиот пар наводно избегал од своето семејство во обид да најдат место за да стапат во брак.