Ракомет
17. March 2017 - 18:50

Талески најдобар лев бек во групите Ц и Д од ЛШ

Поранешниот ракометар на Металург, Филип Талески е избран како најдобар лев бек во рамки на групите Ц и Д во Лигата на шампионите. На 9-те натпревари во Лигата на шампионите Талески како член на Металург постигна 41 гол. 
На два од деветте одиграни натпревари за Металург во ЛШ постигна двоцифрен број голови, против Елверум 13 и против Татран Прешов 10. 
Најдобра „седморка“  на групи Ц и Д во ЛШ сe:
голман:  Сирил Думулин (Нант)
лево крило: Магнус Браминг (Холтесбро)
лев бек: Филип Талески (Металург)
среден бек: Николас Клер (Нант)
десен бек: Јуре Доленец (Монпеље)
десно крило: Давид Балагер (Нант)
пикер: Лудовик Фабрегас (Монпелје)
Талески сега е член на бундеслигашот Рајн Некар Левен, а клупските бои ги смени по Светското првенство во Франција.