Таленти ја разубавуваат фасадата на штипскиот Дом на млади
Штипскиот Дом на млади на најмалите ќе им овозможи да имаат летно кино. Директорот на Дом на млади-Штип, Горан Трајков вели дека во тек се градежни активности, а во функција ќе биде ставено во септември. Тој забележа дека во тек е и еден интересен проект, кој го реализираат младите таленти, а водени од талентираната Ана Ѓорѓева. На фасадата на Дом на млади се цртаат мурали, со акрилни бои и спрејови.
- Во врска со црната боја на фасадата граѓаните на град Штип мора да знаат дека е за да можат цртежите да дојдат до израз се црта на црната подлога, со цел да се има одраз и сјај, вели Трајков.
Тој додава дека во летниот камп за млади таленти учесниците се на возраст од 8 до 20 години, а со новата фасада смета дека токму овие млади таленти ќе создадат едно прекрасно дело.
Ѓорѓева вели дека идејата е младите уметници да покажат што се знаат, а со цел да ја разубават фасадата на Дом на млади.
- Направивме спој од доброто и лошото и го претставивме што треба да биде и она што не треба да биде. На самата врата пишува „Ние сме иднината“ и се влегува во една друга димензија, која ја претставува самиот Дом на млади, рече Ѓорѓева.
Ново на Сител
-
Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче
-
До 13 часот во Куманово одѕивот 23 проценти, во Липково 16, во Старо Нагоричане 22
-
Излезноста во Струга до 13 часот 16 отсто, во Вевчани 33 проценти
-
Им ветувале бесплатни водомери за да гласаат во нивно својство, пријавен случај на поткуп
-
До 13 часот во Прилеп гласале 31,41 отсто од граѓаните со право на глас
-
Излезноста до 13 часот е 26.35 отсто
-
Утре нова рунда од дијалогот Белград-Приштина
-
Во Крива Паланка излезноста на изборите до 11 часот е 24,5 отсто