Македонија
25. May 2022 - 23:50

Талат Џафери ги заклучил пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во пленарна сала вечерва

Талат Џафери ги заклучил пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во пленарна сала вечерва.

Од најголемата опозициска партија велат ова е срам за македонската демократија и побараа оставка од претседателот на Собранието.

- Ако пцуењето на службениците во Собранието беше инцидент ова што денес се случи е голем скандал. Се случи да претседателот на Собранието Талат Џафери ја заклучи пленарната сала со сите пратеници внатре. Ваков невиден скандал, оспорување и скратување на правото на движење на пратениците, слободата на говор на пратениците и слободната мисла не е видена во поновата македонска историја. Недопустливо е народните претставници, пратениците да бидат заклучувани како во некое време на кое не сакаме да се сеќаваме. Господинот Џафери продолжи со урнисувањето на храмот на демократија. ВМРО-ДПМНЕ ќе биде присутна тука и нема да дозволи деспотско однесување на Џафери да продолжи во иднина. Ова е срамота за македонската демократија  и најмалку што може да направи господинот Џафери е сам да си поднесе неотповиклива оставка, изјави Мицевски.