Македонија
11. May 2017 - 13:37

Такси услуги користеле над 27 милиони патници

Вкупно 27.621 илјади патници ги користеле услугите на такси превозот минатата година, објави денеска Државниот завод за статистика врз основа на истражувањето за такси превозот со кое биле опфатени 2.172 возила.

Од вкупниот број превезени патници, 23.761 илјади се превезени во градскиот превоз, а 3.860 во меѓуградскиот превоз.

Со вкупно 2.172 возила остварени се 61.817 илјади километри од кои 51. 759 илјади во градскиот превоз и 10.058 илјади километри во меѓуградскиот превоз.