Македонија
11. May 2016 - 13:56

Такси превоз лани користеле 28,85 милиони патници

Такси превоз во Македонија минатата година користеле 25,85 милиони патиници, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Тие биле превезени со 2.414 такси возила. Од вкупниот број патници, 22,17 милиони се евидентирани во градскиот превоз, а 3,68 милиони во меѓуградскиот превоз. 

Македонските таксисти лани поминале околу 77,4 милиони километри од кои 62,6 милиони во градскиот, а 14,7 милиони во меѓуградскиот превоз.