Македонија
12. December 2019 - 13:39

Таки Фити: И во БАН има академици што не се согласуваат за непостоењето на македонскиот јазик

И во БАН има академици што не се согласуваат со негирањето на македонскиот јазик, рече претседателот на МАНУ во заминување Таки Фити. Тој посочи дека имаат одлична соработка со бугарската академија, но и дека допрво ќе седне на маса со своите колеги за да разговараат на оваа тема.

Новиот претседател на МАНУ Љупчо Коцарев, кој треба да стапи на функција од 1 јануари, не сакаше да коментира за негирањето на македонскиот јазик од БАН, бидејќи се уште не бил на функција

 

Елена Милошевска