Тајван ги заврши дводневните вежби и најави нови за септември
Вооружените сили на Тајван денеска ги завршија дводневните воени вежби на артилериските единици на југот на островот, објавија воени претставници.
„Првата етапа од маневрите се одржа во вторник, а втората етапа денеска. Армијата изведуваше вежба за гаѓање со самоодни хаубици од 155 мм и минофрлачи од 120 мм, во симулација на одбрана од непријателски напад“, се наведува во соопштението.
Во него се наведува и дека вежбата била редовна и планирана пред маневрите на кинеските вооружени сили што се одржаа во последните денови.
Војската на Тајван, исто така, планира да одржи повеќе претходно закажани вежби на 5 септември, во кои ќе учествуваат снајперисти, специјални сили, пешадија, оклопни возила и минофрлачи, како и учество на хеликоптери Супер Кобра и Апачи.
Кинеската Народноослободителна армија ги спроведува своите воени вежби околу Тајван од 4 август, а тие започнаа еден ден по посетата на претседателката на американскиот Претставнички дом Ненси Пелоси на Тајпеј, на која Пекинг остро се спротивстави.
Кинеската армија вчера објави дека по речиси една недела успешно завршила различни воени задачи околу Тајван, но дека продолжува внимателно да ја следи ситуацијата во Тајванскиот теснец.
Кинеската армија ќе спроведува редовни патроли и ќе продолжи да спроведува воена обука за постигнување борбена готовност, објави Источната команда на Кинеската Народноослободителна армија.
Тајпеј денеска го отфрли моделот „една земја, два система“ што Пекинг вчера го претстави во својата стратегија за решавање на проблемот со Тајван.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари