Балкан
25. November 2017 - 14:46

Тајните служби знаеле сѐ за него: Досието „кафе“ содржело се за Аркан

Досието „кафе“ бил најтајниот документ на српските тајни служби во деведесеттите години: За тоа досие знаеле само малкумина бидејќи се воделе за еден од најматните ликови, а тоа е Жељко Ражнатовиќ- Аркан.

Во него се открива дека кралот на српското подземје имал вмешано прсти во политиката, бизнисот, спортот, медиумите и дека сите стравувале од неговата освета доколку не му бидат исполнети барањата.

Српските медиуми дојдоа до ова досие и ќе следат многу многу интересни настани и ликови кои ќе бидат обелоденети.