Живот
28. October 2017 - 10:08

Тајната за долговечноста: Пијте по едно пиво секој ден

Најстариот човек од Небраска, САД 110-годишниот Марк Бехрендс починал пред две години. Марк Бехрендс тврдел дека тајната на неговиот долг живот се состои во тоа што тој секојдневно пиел по едно пиво на ден, скоро цел живот.
 
За Омаха ворлд хералд во мај, ќерката на Марк изјавила: „Тој секогаш се шегува дека тајната за долговечноста е во тоа што тој секојдневно пиел по едно пиво и тоа точно во 15 часот. Секогаш тврди дека пивото за него е еден вид на лек“.
 
Овој старец не пребирал многу какво пиво да пие, но омилено му било она од брендот Милер.
 
На некои оваа изјава можеби им изгледа малку несериозна, но Марк не е единствениот што тврди дека алкохолот му помогнал да живее долг живот. Мејшебал објавија приказна за 100-годишна жена што исто така тврдела дека алкохолните пајалаци се нејзината тајна за долг живот.