Свет
24. March 2018 - 13:34

„Тајмс“: Околу 20 европски земји подготвени да протераат руски дипломати

САД и 20 европски земји се подготвуваат да ги протераат руските дипломати поврзани со руските разузнавачки мрежи. Координираната акција, без преседан, се очекува да почне в понеделник.

Советот за национална безбедност на американскиот претседател Доналд Трамп синоќа препорачал протерување од САД на руски дипломати, чиј број се уште не е прецизиран, како одговор на нападот во Солсбери против поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија. Се очекува Трамп да ја донесе конечната одлука следната недела.

Во кампањата ќе се вклучат Франција, Германија, Полска, Ирска, Холандија, Естонија, Летонија, Литванија, Бугарија, Чешка, Данска и уште девет други земји, наведува „Тајмс".

- Ние сме решени да дејствуваме заедно, изјави синоќа германската канцеларка Ангела Меркел.