Свет
3. October 2016 - 17:45

Тајфунот Чаба се приближува кон Јапонија, а ураганот Метју им се заканува на Јамајка,. Хаити, Куба и Бахамите

Во јужната јапонска префектура Окинава прогласена е тревога поради приближување на моќниот тајфун Чаба, пренесува БТА.

Ветерот се движи со речиси 60 метри во секунда и се очекува тајфунот да донесе обилни дождови во Окинава. Поради приближување на стихијата денеска е затворен локалниот аеродром во градот Наха, при што се откажани 300 летови. А, затворени се и други институции и училишта.

Властите препорала 130.000 жители на префектурата Окинава да се евакуираат.

Во исто време, властите на Јамајка, Хаити, источните провинции на Куба и југоистичниот дел на Бахамски Острови се подготвуваат за ураганот од четврта категорија Метју. Стихијата се приближува со брзина од девет километри на час.