Балкан
31. May 2016 - 9:14

Тага и болка: Марко нема да го види татка си - Погребан таткото на пет деца

Марко Николиќ е роден на 18 мај, а само десет дена подоцна остана без татко. 49-годишниот Василије Николиќ загина во страшна несреќа кога БМВ од спротивната лента влета во неговата трака.

Штотуку роденото бебенце никогаш нема да го запознае својот татко. Оваа тажна судбина го снајде семејството од Србија кое брои пет дечиња. Трагедиите кај нив се нижат откако во 1989 година и таткото на Василије го загубил животот во страшна сообраќајка. Откако починал неговиот татко тој станал глава на семејството. Секогаш правел се за сопругата и своите деца.

Тијана, Ненад, Валентина и Стеван, како и сопругата со малото бебе во раце, го испратија Василије во вечниот дом. Лелеците од болка одекнувале во селото.