Балкан
11. July 2017 - 8:50

Тага до небо: Пре една година тригодишната Анѓелина беше ѕверски силувана и убиена

Пред точно година дена Владица Рајковиќ (29) брутално ја силуваше и ја уби тригодишната Анѓелина Стефановиќ на прославата на роденденот на детето на неговиот брат во селото Вратарница кај Зајечар.

Злосторството какво што не се памети е откриено откако девојчето исчезнало од прославата на роденденот. Нејзиното унаказено тело го пронајде вујкото Далибор, кој со останатие мештани тргнал во потрага.

Рајковиќ истата вечер е уапсен, а полицијата буквално го спаси од мештаните кои сакаа да го линчуваат. На сослушувањето се бранел дека не се сеќава дека го силувал девојчето, туку дека ја удирал зошто плачела. Истрагата утврди дека Рајковиќ претходно ја убил и Драгаа Станковиќ со која претходно бил во врска. Тој е осуден на 40 години затвор за двете убиства, а во текот на судењето не покажа воопшто дека се кае.

Семејството на малечката Анѓелина одржа помен на гробиштата каде девојчето е погребано.

-Отидовме на гробишта, и ставивем споменик и плоча на местото каде е убиена. За овие година дека се е исто, тешко ни е, рече кратко Данијела Стефановиќ, мајка на убиеното девојче.