Балкан
21. May 2017 - 8:58

Тага до небо: Насилници го мачеле, па момчето се самоуби, мајката го погреба во бел ковчег

Силеџии и насилниците кои пред речиси 4 години брутално го тепаа и понижуваа тогаш 18-годишното момче, кое пред некој ден си го оконча животот со бесење, ниту до ден денеска не се во притвор и покрај доказите - снимка од нападот.

Драгана Јовиќевиќ, мајка на несреќното момче, се сомнева дека тоа си кренало рака на себе поради овој инцидент. Таа наведува дека силеџиите и се закануваат и додека тие се на слобода,нејзиниот син во бел ковчег лежи под земја.

Трагичната смрт на младиот фудбалер Драган Милошевиќ, кого помладиот брат го пронашол мртов и обесен за квака во нивниот стан во Нов Белград, повторно ја доведува во прашање ефикасноста на правосудството и последиците кои тоа ги има во превенцијата на насилството и заштитата на жртвите.

Имено, мајката на Милошевиќ откри дека нејзиниот син во ноември 2013 година во Краљево бил жртва на насилство од страна на двајца силеџии кои брутално го претепале во една обложувалница и му се заканувале со убиство.

За се да биду уште пострашно, сцените на бруталното претепување го гледале неколку луѓе во кладилницата и никој со прст не мрднал да го заштити момчето. За сето време додека двајцата насилници се изживувале, гостите од обложувалницата, мирно се шетале, пиеле пијачка, и ја набљудувале морничавата глетка. Никој не повикал полиција во тој момент.

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО

Драган претрпел страотна траума, а подоцна поради болест на братот со семејството се преселил во Белград. Од стравот и константниот стрес не можел да се ослободи, што на крајот резултирало со негово самоубиство.

Иако основниот суд во Краљево неодамна против насилникот Сава Павловиќ и Предраг Милошевиќ поведе постапка, во тек на која е сослушано и оштетеното момче, прашањето кое го мачи неговото семејство е зошто на правосудните органи им требало речиси три години да ги стави на обвинителна клупа.

Имено, Мајката на Милошевиќ го покажа обвинителниот акт на Јавното обвинителство кој е покренат дури во јули 2016 година, дури 31 месец по инцидентот.

-Моето дете никогаш не се опорави од тој ќотек. За то никогаш не зборуваше, три години молчеше. Се сомневавме дека насилнициите некој ги штити, зошто требаа три години за случајот да стигне до судот, вели Драгана Јовиќевиќ, мајка на покојниот Драган.

Семејството дополнително се сомнева во се, бидејќи за злоставувањето постои и видео снимка, на која јасно се гледа инцидентот и сепак постапката се одолговлекувала.