Балкан
6. September 2016 - 9:01

Тага до небо: Мајката Дијана занеме од болка, семејството смета дека детето е убиено

Телото на Сејдо Малиќевиќ (10) детето кое исчезна во петокот од својот дом во нишката населба Белград Маало, пронајдено е вчера по 17 часот во Нишава, во близина на селото Поповац, а го забележале рибари во близина на Медошевачкиот мост. Веднаш ја алармирале полицијата и спасувачите од Секторот од вонредни работи кои го пронајдоа на три километри подолу во близина на поповачките гробишта.

Телото по налоф на вишиот јавен обвинител е префрлено на Институто за судска медицина на обдукција, а според првичните информации на неговото тело нема знаци на насилна смрт па се претпоставува дека детето се удавило.

Истражнит органи од почетокот на потрагата имале основано сомнение дека Сејдо се удавил зошто низ маалото се прочуло дека неколку дечиња имало покрај реката и на еден од нив му испаднала влечката и дека Сејдо влегол во Нишава во обид да ја фати. Меѓутоа децата веројатно од страв не сакале да признаат дека биле присутни кога детето се давело.

Семејствоото на Сејдо до последен момент се надевале дека жив ќе се врати дома. Веста дека е пронајден мртов најмногу ја погодила мајката Дијана која од болка занемела. Дедото на настраданото дете и негов имењак и натаму не може да верува дека тој се удавил.

Foto: Telegraf

–Бараме да се утврди вистината што се случило со детето. До нас дојдоа некои информации дека денеска е убиен, односно дека некои луѓе од автомобил го фрлиле во реката. Не можеме да веруваме дека се удавил зошто неколку пати ја пребаравме Нишава, а телото не можевме да го најдеме. Водата е плитка, не ни е јасно како можел да се удави, вели ожалостениот човек.

Foto: Telegraf

Бабата Деса исто така се сомнева дека детето настрадало во несреќен случај.

--Ако се утврди дека некој го убил, нема да се смириме додека не биде најстрого казнет. Сејдо беше прекрасно, добро дете и никој немаше причина да го убие. Ако тоа се случило, нема да се смириме додека не плати за тоа, вели очајната баба.

Пред 6 години на истото место каде е пронајдено телото на Сејдо, пронајдено е телото на деветгодишниот Бенјамин Шабановиќ. Тој паднал во Нишава во центарот на градот,  а водата го однела до Поповац каде е пронајден месец дена по исчезнувањето.