ТАГА ДО НЕБО: Ѓорѓе тргнал на погреб кај брат му, направил сообраќајка во која загинала неговата ќерка
Семејството Видаковиќ во стравичната несреќа кај Вишеград изгубиле една ќерка, додека другата е тешко повредена. Семејството со автомобилот паднале во кањонот на реката Ржав во Добрун кај Вишеград, по што Стоја Видаковиќ (34) починала вчера во болница, додека нејзиниот татко Ѓорѓе, мајката Станица и сестрата Ивана (32) се повредeни.
Се уште не се разјаснети околностите под кои во саботата околу 21 часот автомобил форд фокус со кој управувал Ѓорѓе Видаковиќ паднал во река. Познато е дека семејството тргнало на пат на погреб на братот на Ѓорѓе Видаковиќ.
- Во саботата попладне им е јавено дека братот на Ѓорѓе починал. Се спремија набрзина и тргнаа кај фамилијата во Република Српска преку Добрун. Во шок сум, сознанијата за несреќата се многу мали. Единствено ми поминува низ глава дека на Ѓорѓе му се слошило зад воланот, после смртта на братот - раскажува пријател на Стоја.
Од полицијата потврдиле дека Стоја починала од повредите во сообраќајната несреќа.
- Девојката почина вчера околу 3.30 во Универзитетската болница, каде се наоѓа и нејзината мајка која е во стабилна сосојба - кажал портпаролот на полицијата.
Според нејзините зборови, ќерката Ивана поради тешките повреди на рбетот е пренесена од ужичката болница во Белград на лекување, додека Ѓорѓе е задржан во болница во Ужице и е во стабилна здравствена состојба.
Телото на Стоја како што тврдат пријатели на семејството Видаковиќ од Ужице е пренесено во Сараево на обдукција.
Инаку пријателите на ова семејство за него имаат само добри зборови. Стоја Видаковиќ завршила туризам во Нови Сад. Долго работела во хотел во Златибор, а минатата година се вработила во осигурителна компанија во Ужице.
Ново на Сител
-
За еден месец изгорени над 400 хектари шума во Националниот парк Шар Планина
-
Во март зголемени потрошувачките, станбените, автомобилските и кредитите на тековните сметки
-
Приведен 20-годишник кој бил баран со потерница поради бегство од Затворот Гевгелија
-
Боки 13 бара повторено судење за „Рекет“ - има докази со кои ќе покаже каде завршиле парите од чантата Луј Витон
-
Советот НАТО-Украина ќе одржи вонреден состанок за противвоздушната одбрана на Киев
-
Спречен нов атентат врз Зеленски, уапсен Полјак кој соработувал со Русите
-
Бојмацалиев: Една година ФРОНТЕКС - прв договор потпишан на македонски јазик со ЕУ
-
Избрани 12 поротници за судењето против Трамп