Свет
1. November 2016 - 10:00

Таџикистан ја гради највисоката брана на светот вредна четири милијарди долари

Таџикистан официјално почна со изградба на браната Рогун, голем проект кој по завршувањето ќе претставува највисока брана на светот и ќе обезбеди снабдување со електрична енергија на централна Азија.

Браната Рогун, која ќе биде висока 335 метри и вредна 3,9 милијарди долари, ќе се наоѓа на 100 километри источно од главниот град Душанбе и треба да овозможи испорака на електрична енергија без прекин, што беше чест случај во зимскиот период во земјата.

- Почетокот на работите на ова големо градилиште е настан на годината во Таџикистан. Им ветувам на соседните земји дека Таџикистан никогаш нема да дозволи да останат без вода, изјави таџикистанскиот претседател Емомали Рахмон.