Тачи: Заканите за војна се неприфатливи
Косовскиот претседател Хашим Тачи, во реакцијата во врска со изјавата на српскиот претседател Томислав Николиќ дека Србија е подготвена да испрати војска на Косово, оценува дека „целите на Србија денес се идентични како оние на Слободан Милошевиќ во деведесеттите години“.
„Косово е заинтересирано за дијалог и нормализирање на односите, а заканите за војна се неприфатливи“, напиша Тачи на својот профил на Фејсбук.
Тој искажува задоволство поради избегнувањето тензии во политичката ситуација и безбедноста во земјата и регионот, спречувајќи го, како што напиша, илегалното влегување на српскиот пропаганден воз на територијата на Косово.
Тачи вели дека Косово го почитува слободното движење на луѓе и стоки и оти тоа го потврдило со отворањето нови гранични премини со соседите, но дека не може да толерира старо српско сценарио, според кое, за жал, додава тој, Белград презема кампања на провокации во континуитет.
- Затоа, органите на редот и безбедноста презедоа мерки да се спречи заканата по интегритетот и суверететот на Република Косово од страна на властите на Србија, наведува Тачи.
Тој се надева дека српските власти сфатиле оти нивното делување е незаконско и е во спротивност со духот на дијалог и соработка, кои се промовираат во регионот.
Ново на Сител
-
ЦУК: Изминатото деноноќие 1 709 повици на 112, нема пожари на отворено
-
Израел изведе напади на југот на Сирија
-
МОН ги известило училиштата неработните денови да бидат одработени во саботи
-
Точно 353 балерини го соборија рекордот во „бурè“ танц на прсти
-
„Гугл мапс“ ќе може да го посочува најблискиот полнач за електромобили
-
ЕП: Ракометарките против Шведска, Унгарија и Турција
-
УЕФА ја казни Барселона
-
Ѓорческа не го помина второто коло на фјучрсот во Копер