Тачи: Визната либерализација заложник на демаркацијата
Косовскиот претседател, Хашим Тачи,повтори, дека треба да се ратификува договорот за демаркација на границата со Црна Гора за да може граѓаните на Косово да патуваат без виза во земјите на ЕУ.
Преку својот профил на Фејсбук, Тачи посоува дека едно такво барање добил и од комесарите на ЕУ на последните средби.
- Евркомесарите Хан и Аврамопоулос,уште еднаш повторија дека Брисел ја очекува ратификацијата на договорот за демаркацијата на границата за да го укине визниот режим за граѓаните на Косово.Сега во рацете на пратениците на Парламентот е да одлучат кога граѓаните на Косово слободно ќе патуваат во Шенген зоната, напиша Тачи на Фејсбук.
Ден пред тоа премиерот Иса Мустафа оптимистички изјави дека набрзо ќе бидат реалзирани прашањето за демаркација на границата со Црна Гора а со тоа и добивањето визна либерализација,како и формирањето на Заедницата на српски општини.
Договорот за демаркација на границата,тој најави дека ќе биде на дневен ред на парламентот на почетокот на следниот месец.
Ново на Сител
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела