Балкан
27. November 2018 - 10:23

Тачи: Средбата со Помпео беше одлична

Косовскиот претседател Хашим Тачи, по средбата во Вашингтон со американскиот државен секретар Мајк Помпео, објави дека работи во координација со Соединетите Американски Држави за постигнување мировен договор меѓу Косово и Србија, јави дописникот на МИА од Приштина.

Тачи синоќа, по средбата со Помпео, напиша на Твитер дека „Косово е благословено со поддршката од САД“.

– Одлична средба со државниот секретар Помпео. Косово е благословено со поддршката од САД во сите фази на нашата борба за слобода и независност. Сега работиме заедно за постигнување сеопфатен договор меѓу Косово и Србија за мир и за гарантирање на зачленувањето на Косово во ООН, НАТО и ЕУ, напиша Тачи.