Тачи се согласува дека за формирање на војската на Косово се потребни уставни измени
Косовскиот претседател Хашим Тачи синоќа за француските медиуми изјави дека во целост се согласува со тврдењето дека процесот на трансформација на косовските безбедносни сили во војска на Косово треба да се одвива преку уставни измени.
Американски официјални претставници претходно вчера во Приштина порачаа дека за формирање на косовската војска неопходни се уставни измени и консултации со сите заедници, пренесоа косовските медиуми.
Тачи додаде дека властите во Приштина сакаат да воспостават „косовска војска за да станат интегрален дел од НАТО, а не војска која ќе биде изолирана“.
Тој ова го кажа мислејќи на силното противење за неговата иницијатива од страна на НАТО, САД и другите водечки меѓународни фактори кои го поддржуваат Косово, наведуваат француските медиуми.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари