Балкан
27. August 2016 - 9:46

Тачи: Пратениците кои се против демаркацијата ќе сносат историска одговорност

Косовскиот претседател Хашим Тачи упати апел до пратениците на косовскиот Парламент да гласаат за договорот за демаркација на границата со Црна Гора, бидејќи во спротивно ќе го донесат под знак прашалник кредибилитетот на Косово, и што е позначајно, односите со главниот сојузник, САД.

-Јас не сакам ни да помислам дека Парламентот на Косово нема да го изгласа договорот, бидејќи штетата ќе биде многу голема за Косово. Неизгласувањето на демаркацијата носи опасен преседан за политичката иднина на Косово, бидејќи ќе се започне со традиција каде вистината и правата може да бидат нарушени со насилство и уцена, оцени Тачи.

Според шефот на косовската држава пратениците кои ќе гласаат против демаркацијата ќе сносат историска одговорност.

И премиерот Иса Мустафа во неколку наврати побара од пратениците да го изгласаат договорот, а вчера апел со критика до косовската политичка класа упати и британскиот амбасадор во Приштина, Рори О'Конел: „не губете време со демаркацијата, позанимавајте се со корупцијата“ порача тој.

Договорот за демакрација на границата, пред една година, на 26 август 2015 година во Виена, го потпиша Хашим Тачи, во својство на шеф на косовската дипломатија.

Ратификацијата на договорот на дневен ред на косовскот парламент е на први септемри.

Против договорот е опозицијата, која во парламентот брои 30 пратеници, се уште недефиниран став има пратничката група на „Листа српска“, која има десет пратеници, а против се и седум пратеници од владејачкото мнозинство.

Парламенот бори 120 пратеници, а за изгласување потребни се 80 гласови.