Тачи: Помина времето на меѓународните мисии во Косово
Времето на меѓународни мисии во Косово помина, изјави косовскиот претседател Хашим Тачи, кој тврди дека Еулекс треба да ги заврши своите активности кон средината на следната година.
- Во текот на наредното лето, ќе го видиме целосното завршување на сегашниот мандат на мисијата Еулекс. До сега зборувавме за транзиција, за намалување, а сега треба да зборуваме за завршната фаза, нагласи Тачи при обраќањето пред Косовските безбедносни сили во Приштина.
Тој оцени дека централните косовски институции успеале да ја консолидираат власта, „опфаќајќи го секој ќош“, но дека надвор се уште има „многу полиња“, меѓу кои ги наведе и меѓународните мисии.
- Еден неоправдан број меѓнародни мисии се уште функционирааат во Косово, создавајќи впечаток дека сме во многу ран стадиум на транзиција. Остануваме благодарни на меѓународната заедница за секое добро што му го донесоа на Косово, исто како што ја сметаме за одговорна и за сите пропусти и неуспеси, потенцираше Тачи.
Зборувајќи за Специјалниот суд за воени злосторства на припадниците на поранешната Ослободителна војска на Косово (ОВК), косовскиот претседател изјави дека формирањето на тоа тело го „наметнала“ меѓународната заедница.
Тој порача дека косовските институции не треба да си дозволат неуспех во исполнувањето на обврските и истовремено да ја обвинуваат Европската унија или меѓународната заедница.
- Нашите институции веќе три години не успеаваат да го ратификуваат Дооворот за демаркација на границата со Црна Гора. Така, не само што ја изгубивме битката со ЕУ, туку ја разнишавме и довербата на нашите стратешки меѓународни партнери, истакна Тачи.
Тој посочи дека истото може да се каже и за спроведувањето на Договорот за основање на Заедница на српски општини во Косово.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација