Taчи: Поделба на Косово само преку мене мртов
Косовскиот претседател Хашим Тачи изјави дека поделба и размена на територијата на Косово не може да се случи додека е тој жив.
– Размена на територии никогаш нема да се случи, територијалната размена е договор и никогаш нема да биде дозволена, а поделбата на Косово може да се случи само преку мене мртов, изјави Тачи во Тирана, пренесува МИА.
Тачи нагласи дека „никој не може да ги подели Трепча, Митровица и езерото Газивода, ниту да земе еден сантиметар од косовската територија“.
– За поделбата на Косово денес зборуваат оние што му помагаа на Слободан Милошевиќ, рече Тачи, додавајќи дека никој не може да негира дека припојување кон Косово на Прешевската Долина, односно трите општини со мнозинско албанско насление во јужниот дел на Србија – Пришево, Медвеѓа и Бујановац, нема да влијае врз целовитоста на Република Косово.
Тачи ја отфрли и секоја форма на формирање „Балканска унија“, бидејќи, како што рече, тоа ја нарушува „територијата на Република Косово“.
– Албанската нација мора да биде зајакната, Косово има пријатели и партнери, како што се САД и ЕУ, но исто така има политички противници. Косовската армија ќе биде армија на мирот, рече Тачи.
Изразувајќи благодарност до САД, кои ја поддржуваат трансформацијата на Косовските безбедносни сили во армија, Тачи рече дека Приштина се подготвува за влегување во конечнара фаза од дијалогот со Белград за постигнување на сеопфатен договор за нормализација на односите.
– Нема да дозволиме организација на меѓународна конференција на која ќе биде и Русија, само ќе дозволиме поддршка од САД, нагласи Тачи, додавајќо дека косовскиот премиер Рамуш Харадинај веќе се откажал од таа идеја, следејќи ги неговите совети.
Тачи, исто така, рече дека нема да дозволи уривање на односите со САД за, како што рече, тесно-политички интереси.
– Мораме да работиме заедно со САД, без некакви интереси и нема да дозволиме дневно политичките интереси да ги компромитираат нашите односи со САД, кои се најзаслужни за косовската независност, потенцира Тачи.
Ново на Сител
-
За еден месец изгорени над 400 хектари шума во Националниот парк Шар Планина
-
Во март зголемени потрошувачките, станбените, автомобилските и кредитите на тековните сметки
-
Приведен 20-годишник кој бил баран со потерница поради бегство од Затворот Гевгелија
-
Боки 13 бара повторено судење за „Рекет“ - има докази со кои ќе покаже каде завршиле парите од чантата Луј Витон
-
Советот НАТО-Украина ќе одржи вонреден состанок за противвоздушната одбрана на Киев
-
Спречен нов атентат врз Зеленски, уапсен Полјак кој соработувал со Русите
-
Бојмацалиев: Една година ФРОНТЕКС - прв договор потпишан на македонски јазик со ЕУ
-
Избрани 12 поротници за судењето против Трамп