Балкан
30. July 2019 - 19:12

Тачи почна состаноци со претставници на политичките партии на Косово

Косовскиот претседател Хашим Тачи денеска почна состаноци кои ги бараа претставници на политичките партии со цел да се договорат чекори кои треба да се преземат после оставката на премиерот Рамуш Харадинај, јави Танјуг повикувајќи се на преноси Газета експрес.

Како што е соопштено, Тачи денеска се сретнал со претставници на КДТП и ВАКАТ од пратеничката група 6+, со министерот Махир Иагцилар и со двајца пратеници со кои разговарал за политичките движења после оставката на Харадинај.

Во соопштението се додава дека Тачи изјавил оти се потребни конкретни чекори во согласност со Уставот и законите на Kосовo со цел што побрзо да се воспостави функционална и ефикасна влада.

– Оваа влада треба да ја одразува волјата на политичките партии за новите решенија за влада или за новиот изборен процес, за да се овозможи Косово што побрзо да добие влада, стои во соопштението.

Најавено е дека Тачи наредните денови ќе се состане и со претставници на други политички партии, како и дека утре ќе разговара со претседателот на централната изборна комисија за понатамошни чекори, информира Газета експрес.