Балкан
22. January 2016 - 8:37

Тачи: Почна европската епоха на Република Косово

Косовскиот вицепремиер и шеф на дипломатијата Хашим Тачи  изјави дека ратификацијата на Спогодбата за стабилизција и асоцијација од страна на Европскиот парламент претставува нов период за најмладата европска држава.

- Европскиот парламент со мнозинство гласови ја ратификува Спогодбата за стабилизација и асоцијација со Косово. Тоа е историски миг и прв формален договор помеѓу Косово и ЕУ. Ова е прв чекор на долгиот пат кој нашите деца ќе ги однесе во европското семејство. Војуваме за слобода, извојувавме и независност и денес го почнавме и новиот европски приод на Република Косово. Бог да го благослови европско Косово, напиша Тачи на неговиот профил на фејсбук.

Претходно косовската претседателка Атифете Јахјага оцени дека ратификацијата на Спогодбата за стабилизација и асоциација, меѓу Косово и ЕУ, претставува значаен сигнал за зачленувањето на нејзината земја во ЕУ.

Според неа, ратификацијата на Спогодбата за стабилизација и асоциација од страна на ЕП создава силна институционална и законска база меѓу Косово и ЕУ.