Свет
5. May 2016 - 21:41

Тачи: Ова е европска година за Косово

Косовскиот претседател Хашим Тачи на денешната средба со високата претставничка на ЕУ Федерика Могерини изјави дека по добиваањето препорака за визна либерализаиција,може да се каже дека ова е европска година за Косово.

- Ја оценуваме како европска година за Косово и се надевам дека ќе добиеме и статус на земја кандидат за ЕУ, истакнаТачи.

Од своја страна Могерини изјави дека навистина оваа недла е многу среќна но оти не е време само за празнување, туку да се оди напред и да се анализира „работата што треба заедно да ја направиме“.

Според порталот Албеу, кој ја пренсува веста, се додава дека и Могерини и комесарот за миграција Димитрис Аврамопоулос одбиле да дадат точен датум кога косовските граѓани ќе може да патуваат без визи во земјите на ЕУ.

Могерини се обрати и пред пратениците на косовскиот законодавен дом, каде првпат по повеќемесечен бојкот во собраниската сала беа и пратениците од опозицијата, Движењето „Самоопределување“, Иницијативата за Косово и Алијансата за иднината на Косово.