Балкан
29. February 2016 - 17:53

Тачи: Нема да правиме отстапки за косовските Срби

Новоизбраниот косовски претседател и актуелен вицепремиер и министер за надворешни работи на Косово, Хашим Тачи денеска изјави дека пред гласањето за неговиот избор на претседателската функција во петокот, не договорил никакви отстапки за косовските Срби.  

Пред гласањето во петокот, коалицијата на партиите на косовските Срби, Српската листа соопшти дека поставила свои барања, чие исполнување ќе биде услов за да го поддржат изборот на Тачи за претседател. 

Во интервју за Гласот на Америка на албански јазик, Тачи рече дека Српската листа има право на свои визии, цели и ставови за кои може да се разговара во рамки на координацијата на коалициските партнери. Тој меѓутоа потенцира дека галсањето за неговиот избор било тајно и дека не може да каже дали пратениците Срби гласале за него или не. 

Тачи нагласи дека како претседател подеднакво ќе им служи на сите граѓани на Косово - Албанци, Срби, Црногорци, Турци, Бошњаци...

- Косово е татковина на сите негови граѓани и секој треба да се чувствува добро и гордо затоа што живее во Косово... Малцинствата се вредност на косовското општетсво и имаат свои уставни права... Тие се Косовци, изјави Тачи, додавајќи дека негова визија е изградба на „ново, европско и мултиетничко Косово“.  

Тачи во интервјуто најави продолжување на дијалогот за нормализација на односите меѓу Приштина и Белград со посредсрво на ЕУ, потенцирајаќи дека се залага за соработска со сите соседни држави.

- Предулсов за евроаталанските интеграции се мир, регионална стабилност, соработка во регионот и изградба на добрососедски односи. Косово ќе соработува со сите соседни држави. Имаме одлична соработка со Македонија, Албанија и Црна Гора и ќе продолжиме со целосна нормализација на осносите со Србија, истакна Тачи. 

Во врска со констатацијата дека за време на неговиот мандат го очекуваат повеќе предизвици, како што се формирањето на Заедницата на српските општини и на Специјалниот суд за воени злосотртсрва извршени од страна на поранешната ОВК, Тачи рече дека ќе ги спроведува „сите свои законски и уставни обврски“.

Тачи треба да ја преземе претседателската функција на 7 април.