Тачи: Косовско-црногорските односи остануваат пријателски
Косовскиот претседател, Хашим Тачи, денеска во Софија оствари средба со својот црногорски колега,Филип Вујановиќ.
Двајцата учествуваат на средбата на лидерите на западен Балкан во рамки на меѓународната конференција „Посилна регионална интеграција на Балканот“,чиј домаќин е Светска банка, јавија косовски медиуми.
По средбата Тачи оценува дека односите меѓу двете земји остануваат „пријателски и цврсти“.
- На маргините на форумот во Софија имав срдечен разговор со претседателот на Црна Гора,Филип Вујановќ.Односите меѓу нашите две земји остануваат пријателски и цврсти,-напиша Тачи на својот профил на Фејсбук.
Тачи, како тогашен премиер е потписник на договорот за обележување на границата со Косово, во август 2015 година.Тој и понатаму останува на ставот дека истиот треба да биде ратифкуван што побрзо.
Ново на Сител
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра
-
Тетовци се жалат дека не можат да излезат од дома поради глутниците
-
Три млади лица загинаа во тешка сообраќајка во Кичево