Тачи: Косово е подготвено за компромис со Србија
Косово е подготвено за компромисно решение со Србија, за да бидат разрешени проблемите меѓу двете страни, нагласува косовскиот претседaтел Хашим Тачи во писмо до неговиот американски колега Доналд Трамп.
– Ќе бидам подготвен да направм компромиси неопходни за постигнување сеопфатно и балансирано решение, што ќе ги опфати сите сериозни проблеми и на тој начин да биде ставен крај на конфликтот со Србија и да биде постигнат мир во целиот регион, нагласува Тачи во писмото испратено на 8 јануари.
Засега е најасно зошто Тачи го објави дописот синоќа, откако претходно доби писмо од Трамп во кое тој повикува Косово да направи се што е можно за договор со Србија.
Во писмото Тачи се обврзува дека ќе ги заврши свои обврски и ќе апелира до граѓаните на Косово да зборуваат со еден глас, за мир и за време на разговорите да се воздржат од активности што би го направило тешко можното постигнувањето договор.
Дијалогот меѓу Белград и Приштина беа прекинати во ноември 2018 година, кога Косово воведе царини од 100 отсто за увоз на стоки од Србија. Белград најави дека нема да разговара со Приштина се додека трговијата не се врати на нормално ниво.
Ново на Сител
-
Коалицијата Вреди го потсетува Османи на случајот „Пациент“
-
Кумановец избегал од затвор и ограбил продавница во Крива Паланка
-
Зеленски бара помош од запад по рускиот напад врз Чернигов
-
Бојмацалиев од Пробиштип: Годинава бонус плата во МВР од 36.000 денари
-
Даштевски: Училиштата ќе работат во вторник, ќе бидат затворени само просториите со избирачки материјал
-
Тешко повреден 53-годишен пешак на патот Кичево-Охрид
-
ССМ: Во наредните денови ќе го радикализираме протестот
-
До вторник облачно со повремен дожд, а на планините снег