Тачи ќе потроши милион долари за подобрување на односите со САД
Косовскиот претседател Хашим Тачи постигнал договор со амерканска лоби компанија која треба да му помогне во подобрување на односите со САД.
Овие услуги за компанијата, за која се смета дека е блиска на американскиот претседател Доналд Трамп, косовската држава ќе ја чинат 52 илјади долари месечно или над милион долари за две години.
- Договорот е потпишан на 22 декември 2017 година, денот кога Тачи се обиде да го укине Специјалниот суд. Компанијата идентични услуги им даваше и на двајцата добри пријатели на Тачи, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и албанскиот премиер Еди Рама -констатира приштинскиот весник „Експрес“.
Компанијата „Балард партнерс“, која ја раководи лобистот Брајан Балард, според весникот треба да помогне во подобрувањето на имиџот на Тачи меѓу Амерканците. Балард е близок соработник со Трамп и беше ангажиран во неговата изборна кампања.
Договорот важи до 21 декември 2019 година и во тој период вкупниот износ на пари ќе биде исплатен во осум рати.
Ново на Сител
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра
-
Тетовци се жалат дека не можат да излезат од дома поради глутниците
-
Три млади лица загинаа во тешка сообраќајка во Кичево
-
Велигденска честитка на Н.В.П. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх
-
Изненадување во Мајами: Алкараз елиминиран од Димитров
-
Ѓоковиќ се уште не избрал нов тренер