Тачи: Ќе направиме корекција на границата за да обезбедиме признавање од Србија
- Косовскиот претседател Хашим Тачи денеска ги повтори неговите заложби за, како што вели „корекција на границите“, изразувајќи уверување дека со тоа Косово ќе обезебди принавање на независноста од страна на Србија, јави дописникот на МИА од Приштина.
На денешната прес-конференција во Приштина, по враќањето од тридневната турнеја низ регионот, Тачи оцени дека финалниот договор со Србија е чувствителен и тежок процес.
- Нема воопшто да биде лесно во наредните денови, недели и месеци, бидејќи не очекува демаркација или корекција на границата од 430 километри. Корекцијата на границата му обезбедува на Косово автоматски директно признавање од Србија. Признавањето од Србија подразбира и признавање од петте земји на Европската унија, а тоа подразбира и симнување на руското вето, изјави Тачи.
Тој го поздрави барањето на претставниците на Албанците од Прешевската Долина за резолуција во косовското Собрание за обединување на тој регион во јужна Србија со Косово и ги повика сите парламентарни партии што поскоро да го изгласаат владиниот тим за преговори со Белград.
- Целосно го почитувам правото на Албанците од Прешево и Бујановац. Нивното барање упатено до косовските партии е правично и во согласност со легитимните конвенции. Преговарчкиот тим треба да стане функционален, да ја започне работата и да има единство, како меѓу партиите од коалицијата така и со опозициските партии, рече Тачи.
Зборувајќи за посетите на Албанија, Црна Гора и Македонија во последните три дена, косовскиот претседател изјави дека трите држави го поддржуваат постигнувањето договор меѓу Приштина и Белград.
Тачи нагласи дека финалниот договор со Србија ја има поддршката и од САД и Европската Унија.
Ново на Сител
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи
-
Гласаат затворениците во Штип
-
Управен ја запре постапката за вработување на 130 кандидати за идни судии и јавни обвинители