Балкан
12. December 2017 - 14:11

Тачи: ЕУ треба да заземе единствен политички став кон Косово

Косовскиот претседател Хашим Тачи повторно ја обвини Европската унија за недостиг на единствена политика кон Приштина.

- Сметам дека ЕУ треба да заземе единствен политички став кон Косово. Како Европа може да се надева едногласно да зборува за многу поважни прашања како што се Русија и Сирија, ако не може да се усогласи за малото Косово, изјави Тачи во интервју за француски магазин „Политик ентернасионал“, кој косовскиот претседател го опишува како „прозападен државник“.
                
Весникот наведува дека „Хашим Тачи продолжува да води целосно прозападна политика заснована на соработка и регионална стабилност и за време на дијалогот со Белград“