Тачи: Договорот за нормализација на односите меѓу Приштина и Белград ќе биде потпишан во Белата куќа
Косовскиот претседател Хашим Тачи денеска изјави дека сеопфатниот договор за нормализација на односите меѓу Приштина и Белград ќе биде потпишан во Белата куќа во Вашингтон, во присуство на американскиот претседател Доналд Трамп.
– Нема дилеми околу тоа дали САД го поддржуваат тоа или не. Договорот ќе биде потпишан во Белата куќа во присуство на најмоќниот светски државник, Доналд Трамп, изјави Тачи на годишната прес-конференција во Приштина.
Тачи нагласи дека очекува договорот што ќе биде постигнат меѓу Белград и Приштина да биде „урамнотежен“.
Во врска со денешната изјава на неговиот советник Беким Чолаку дека Приштина треба да разгледа привремено укинување на таксите од 100 проценти за увоз на производите од Србија и Босна и Хервеговина, Тачи истакна дека не ги коментира изјавите на своите советници.
Што се однесува до продолжувањето на дијалогот меѓу Белград и Приштина, предвидено за 8 јануари во Брисел, Тачи изјави дека на средбата со претставниците на ЕУ ќе отпатуваат само членовите на преговарачкиот тим, но не и тој.
– Преговарачкиот тим се согласи со мојот предлог на 8 јануари да бидат во Брисел, а јас на скијање во Брезовица, изјави Тачи, додавајќи дека тимот целосно ја има неговата доверба.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, носител на листа ИЕ2 од ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски ги повика Апасиев и Димитриевски на обединување
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
МОН до основните училишта: Во саботите ќе се одработуваат неработните денови поради изборите
-
Оспорени 3.000 вработувања кои ги потпишал Бесими без врзан потпис, ДИК ќе одлучува дали ќе останат на работа
-
Компанијата „Еуромакс Ресоурсес“ со последно предупредување пред да ја тужи државата за рудникот „Иловица - Штука“
-
Скопје ја надмина бројката од 400 заразени со голема кашлица