Тачи: Договорот меѓу Скопје и Атина е исклучително значаен за регионот
Косовскиот претседател Хашим Тачи на денешната средба со делегација на Парламентарното собрание на НАТО, предводена од претседателот Паоло Али, ги оцени како исклучително значајни за регионот решението на спорот меѓу Македонија и Грција и финализирањето на преговорите меѓу Косово и Србија, јавува дописникот на МИА од Приштина.
Тачи, како што соопшти неговиот кабинет, го поздравил враќањето на вниманието на Европската унија во регионот, со стратегијата и самитот во Софија, а како придобивка на тоа го нагласил постигнатиот договор меѓу Скопје и Атина за решавање на спорот со името.
- Конкретни и веднаш видливи резултати се решавањето на спорот за името меѓу Грција и Македонија, како и почетокот на финалната фаза на дијалогот меѓу Косово и Србија, изјавил Тачи.
Говорејќи за глобалната закана од тероризмот, косовскиот претседател изјавил дека неговата земја е лидер во регионот кога е во прашање борбата против екстремизмот и радикализмот.
- Косово е фактор на стабилноста во регионот, посветено на дијалогот со Србија кој ќе донесе траен мир во целиот регион, изјавил Тачи.
Тој додал и дека „НАТО е во Косово, но сега е време и Косово да биде во НАТО“.
Ново на Сител
-
За еден месец изгорени над 400 хектари шума во Националниот парк Шар Планина
-
Во март зголемени потрошувачките, станбените, автомобилските и кредитите на тековните сметки
-
Приведен 20-годишник кој бил баран со потерница поради бегство од Затворот Гевгелија
-
Боки 13 бара повторено судење за „Рекет“ - има докази со кои ќе покаже каде завршиле парите од чантата Луј Витон
-
Советот НАТО-Украина ќе одржи вонреден состанок за противвоздушната одбрана на Киев
-
Спречен нов атентат врз Зеленски, уапсен Полјак кој соработувал со Русите
-
Бојмацалиев: Една година ФРОНТЕКС - прв договор потпишан на македонски јазик со ЕУ
-
Избрани 12 поротници за судењето против Трамп