Балкан
4. November 2016 - 21:15

Тачи: Албанците и Србите можат да се смират

Косовскиот претседател, Хашим Тачи, за време на средбата со 30 членови на Младинската иницијатива за човекови права од Косово и Србија, изјави дека иднината на земјата не може да се гради врз основа на омраза и одмазда, туку само врз основа на национален интерес.

Тачи во своето обраќање нагласи дека на убиените Срби свесно им оддал почит, и оти ќе продолжи да им оддава почит на сите жртви во Косово, без оглед на етничката припадност.

- Отидов со полна свест за да им оддадам почит пред споменикот на убиените српски земјоделци по војната, меѓу нив и деца, како што им оддадов почит со тага и гордост и на жртвите во Избица и во Круша и на други места каде што се извршени масакри со димензии на геноцид, рече Тачи.

Тој додаде дека Косово и Србија треба да работат на разбирање, добрососедство и помирување.

-Не е можно да не може да дојде до смирување меѓу Албанците и Србите, никој не може да каже дека не може да има смирување меѓу Албанците и Србите, јас верувам дека може да има смирување и верувам дека нашите два народа ќе ја упатат најдобара порака во регонот, бидејќи такво нешто може да се случи меѓу нашите земји и народи,изјави Тачи.