Тачи: Ако не се изгласа демаркацијата, нема визна либерализација со години, а може и децении
Косовскиот претседател Хашим Тачи смета дека Владата треба да го процесуира договорот за демаркација на границата помеу Косово и Црна Гора и Парламентот еднаш засекогаш да даде одговор за ова прашање за да не се губат години со оваа проблематика.
- Доколку не биде ратификуван договорот за демаркацијата во Парламентот на Косово, прашањето за визите нема да биде одложено за три или шест месеци, туку се плашам оти тоа ќе биде со години или децении, изјави Тачи за Тв Клан Косова.
Според него нема цврсти аргументи и факти против договорот за демаркацијата на границата со Црна Гора.
Комисијата на експерти, оценува тој, формирана специјално за демаркацијата, успешно ја заврши работата, а противењата против демаркацијата се политички.
Реакцијата на Тачи доаѓа по најавата на премиерот Иса Мустафа дека Договорот деновиве ќе биде на дневен ред на Парламентот и најавите на опозицијата дека ако тоа се случи ќе го врати солзавецот во законодавниот дом.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација