Тачи: Ако Ахмети не е дел од Владата може да се случи сценариото од 2001
Лидерот на ДПА, Мендух Тачи во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ денеска појасни дека неговата вчерашна изјава за војна доколку нема албански партнер во новата власт е ставена во лош контекст, истакнувајќи дека зборува за можните последици предизвикани од неговиот опонент Али Ахмети.
Барањето на Ахмети за премиер Албанец има директна закана, бидејќи тој е свесен дека ќе биде опозиција и последната алка му е национализмот и сака да ја направи тензијата голема. Бидејќи ако не биде тој во Влада, надевајќи се дека ќе биде прв кај Албанците, може да се случи сценариото од 2001. Мојата порака до граѓаните е граѓаните да не се вознемируваат, дека јас сум кандидат за заменик-премиер и ако седнам на тоа место, гарантирам дека Ахмети и ДУИ ќе го почитуваат гласот на граѓанинот и ќе бидат мирни како кокошки, порача Тачи.
Тој се наврати на политичката борба со поранешните претседатели Киро Глигоров и Бранко Црвенковски, и воедно рече дека политичкото искуство го научило да расчисти со предрасудите.
Јас сум имал директни политички конкуренти со кои сум се тепал со години, почнувајќи од претседателот Глигоров до премиерот Црвенковски. Од оваа дистанца многу ги ценам двајцата и сакам и мене да ме ценат така. Во мојата политичка кариера имав многу политички јаки изјави, можеби други ги толкуваа како непромислени, но успеав да одржувам мир, или сите можни конфликти да ги менаџираме со многу мали последици. Напротив, мислам дека политичките партии на Македонците му даваат значење на Ахмети и ви се молам да не се занимавате со таа глупа идеја, со која се бори за својата лична кожа – порача лидерот на ДПА.
Според него, кандидатот за премиер на ДУИ, Насер Зибери, дека подлежи на одговорност за напад врз ДПА во време кога беше заменик-премиер.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација