Македонија
30. January 2019 - 16:18

Таблите со новото име на држвата ќе бидат двојазични

7 дена по грчката ратификацијата на Протоколот за пристапување на нашата земја во НАТО ќе почне промената на името на таблите на граничните премини и на влезовите на сите државни институции. Паралелно со имплементацијата на одредбите од Преспанскиот договор ќе се спроведува и Законот за употреба на јазиците, односно покрај на македонски, името на институциите ќе биде напишано и на албански јазик.

Колку нашата земја ќе треба да потроши за промена на таблите ќе покаже планот за евалуација. За промена на личните документи, граѓаните ќе треба сами да си платат.

Споревдувањето на овие реформи ќе ги набљудува Меѓуресорска група која ќе треба да изработи сеопфатен Национален акциски план за понатамошните мерки и активности за извршување на обврските.