Македонија
10. February 2019 - 20:57

Табла со „Република Северна Македонија“ поставена на ГП Богородица

Порталот „24 Инфо“ објави фотографија од таблата со новото уставно име, која веќе е на граничниот премин Богородица, но се уште не е поставена. Таблата според Преспанскиот договор треба да биде замена за старата на граничниот премин Богородица на македонско-грчката граница.

Промената на името прво ќе почне на граничните премини, а потоа и на институциите меѓу кои први ќе бидат Владата, Собранието и министерствата.


ФОТО: 24 Инфо

Изгласувањето на приемниот Протокол за влез на Македонија во НАТО во грчкиот парламент во петокот беше знак дека треба да се започне со промената на официјалните називи.