Ракомет
6. September 2018 - 17:35

Табанге Черубин нов играч на РК Пелистер

Габонскиот репрезентативец Табанге , висок 185 см и тежок 90 килограми одлучи својата кариера да ја продолжи во Македонија односно нашиот Пелистер . Тој во градот на конзулите е од пред два дена вчера го имаше првото запознавање со соиграчите и тренерот Томе Петрески а денес по потпишувањето на договорот во клупските канцеларии заедно со спортски директор , Златко Димитровски и извршниот директор , Сашо Шамбевски ќе го има и првиот тренинг вечерва во спортската сала "Боро Чурлевски". 
 
Черубин Табанге има 24 години а во Пелистер повторно ќе биде соиграч со голманот Харис Плех каде каде лани ги бранеа боите на турската МИК од Анкара .