Балкан
1. February 2016 - 16:58

Таа правела магии: Само еден ден по погребот на гробот на Стојанка нашле...

Гробот на погребаната Стојанка Величковиќ (90) од Тодоровац кај Лесковац во текот на ноќта бил раскопан и сквернавен, а од ковчегот исчезнале 800 динари кои покрај покојната биле оставени од страна на семејството.

Ужасната глетка ја зетекнал синот и внуката на покојната на нејзиното прво утро.

- Веднаш видовме дека гробот е раскопан,  ковчегот скршен, ќебето со кое ја покривме искинато на пола... Кога погледнав на местото каде и ги оставивме парите, и нив ги немаше - вели Слободан Величковиќ, син на покојната Стојанка.

Според неговите зборови, пред погребот, во ковчегот на Стојанка ставиле по една банкнота од 500, 200 и 100 динари.

На самото место увид извршила криминалистичката полиција од Лесковац, а на гробиштата почнале да се собираат и мештаните од ова село.

Сите се зачудени зошто ништо случно досега не се случило во нивниот крај.

- Грев е ова! На сите им правеше добро, им помагаше на децата во селото и некој сега вака и врати. Уште не е чесно оладена во гробот, а не ја пуштија да почива во мир, вели нејзината внука Слаѓана. Семејството се сомнева дека сквернавењето на гробот е направени поради одмазда.

Покојната старица се бавела со бела магија и им баела на децата од селото против уроци.