Живот
2. February 2017 - 15:47

Таа е првата жена - дрво во светот: Кога лекарите ги видоа нејзините израстоци занемеа

Во Бангладеш живее девојче за кое се верува дека е единствено женско на светот кое боледува од мистериозниот „човек-дрво синдром“.

Кога брадавиците како кора од дрво и се појавија на лицето на десетгодишната Сахана Катун пред 4 месеци, нејзиниот татко не бил толку загрижен. Но кога почнаа да се шират ја однел во главниот град Дака за да ја прегледаат докторите.

Foto: Profimedia/AFP

-Лекарите се плашат дека ова е првото женско лице на светот кое боледува од „синдром човек - дрво“, односно болеста наречена епидермодисплезија веруциформис, рече нејзиниот татко.

Тоа е тешко генетско заболување на кожата кое кај неа произведува лушпести израстоци како кора од дрво, кои посебно ги зафаќаат рацете и нозете, а потоа се шират по остатокот од телото. До сега само мажи боледуваа од оваа болест, а еден „човек - дрво“ почина во февруари минатата година.

Еден од нив е и Абул Бајандар, исто така од Бангладеш, кому израстоците на рацете му тежат околу 5 килограми и кој веќе со децении не може да ги допре своите најмили. Тој имаше низа операции кои требаше да му ги олеснат маките, но не и за да го излечат.

Докторите се надеваат дека Сахана има многу помалку агресивна форма на оваа болест, па по операцијата можеби ќе може да го продолжи животот сосема нормално, пишува Би Би Си.