„Та неа“: Коѕијас доаѓа во Скопје на 22 и 23 март
Шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас на 22 март, ќе пристигне во Скопје во дводневна посета, објави грчкиот весник „Та неа“.
Како што јави дописникот на МИА од Атина, во текстот под наслов „Со мало задоцнување Коѕијас во Скопје“, новинарот пишува дека посетата се смета за важна, бидејќи разговорите ќе бидат концентрирани на „грчките предлози и очигледно и соодветните скопски предлози“ за постигнување еден меѓународен договор што ќе биде основа за можен компромис за името.
- Никос Коѕијас на 23 март ќе се сретне со неговиот колега Никола Димитров, додека пак, претходната вечер ќе имаат заедничка вечера. Не е исклучено, грчкиот министер за надворешни работи да има средби и со други политичари од соседната земја, но програмата се уште се формулира. Исходот од разговорите во Скопје ќе биде важен во пресрет на следната планирана средба на Коѕијас и Димитров со специјалниот претставник на генералниот секретар на ОН, Метју Нимиц, пишува „Та неа“.
Според весникот, во фокусот на предлозите за кои што ќе се разговара ќе се најде и прашањето со Уставот и начинот на имплементација на договорот за да се дозволи доделување датум за отпочнување на пристапни преговори со ЕУ и покана за членство во НАТО на Самитот во јули.
Ново на Сител
-
24-годишна девојка нападната од нејзиниот невенчан сопруг
-
Силувана малолетничка во Шуто Оризари
-
Во Крива Паланка излезноста до 13 часот е 42,08 отсто
-
Излезноста до 13:00 часот во Делчево и М.Каменица се движи од 24 до 29 отсто
-
Во Велес и велешко до 13 часот излезноста е 29,56, во Градско 33,51 процент
-
Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче
-
До 13 часот во Куманово одѕивот 23 проценти, во Липково 16, во Старо Нагоричане 22
-
Излезноста во Струга до 13 часот 16 отсто, во Вевчани 33 проценти