Свет
5. April 2017 - 14:02

СЗО: Жртвите во Идлиб имаат симптоми слични на оние предизвикани од нервен гас

Светската здравствена организација соопшти денеска дека жртвите од нападот во сириската провинција Идлиб покажуваат симптоми слични на оние ги предизвикува нервниот гас.

- Во некои случаи симптомите се слични како и кај изложеност на органофосфорни хемикалии, во чија категорија се вклучува и нервниот гас, се наведува во соопштението на СЗО.

Според извештаите, веројатноста за употреба на хемиско оружје при нападот е зголемена со недостаток на надворешни рани.

Симптоми за изложеност на хемиско оружје најчесто се акутна отежнатост при дишење, што предизвикува и смрт.